Седумкатната зграда во крајбрежната провинција Кеп се сруши додека внатре имало околу 20 работници, од кои некои биле на пауза, изјави еден полицаец, јави АП.
Според заменик-началникот на полицијата Нгуон Самет, спасени се 17 работници. Некои од спасените се во критична состојба, додека некои се само полесно повредени.
Самет рече дека зградата веројатно се ypнала кога бетон бил истурен на највисокиот кат. Потрагата по работници кои и понатаму се пријавени како исчезнати, е во тек.
Премиеpoт на Камбоџа Хун Сен на својата страница на Фејсбук напиша дека наскоро ќе замине во провинцијата Кеп за да ја предводи екипата за спасување и да им помогне на спасувачите кои се борат за да најдат заробени работници под урнатата зграда.