Во вечерашното издание на „Тешки муабети“, на Инфомакс, се зборуваше за скандалите поврзани со Министерот за здравство, Венко Филипче, меѓу кои и видео снимката која пред неколку дена се појави во медиумите, на која се гледаше министерот, кој воедно е и неврохирург, во операциона сала, без никаква заштитна опрема, во цивилна облека, надгледува и коментира операција. Згора на се, Филипче исто та зборуваше и на телефон.
По еден ваков скандал, во нормална земја, министерот не само што би дал оставка, туку и ќе остане без лиценца за работа, и ќе заврши во затвор. Но Филипче, не само што не се повлече од функцијата шеф на здравството, туку, како ои после секој скандал поврзан со него, обвини за лажни вести и напади од опозицијата.
Во тој контекст, се надоврза и Александар Митовски, кој потсети дека акредитацијата на Инфомакс беше одземена откако тој, на прес конференција, поткрепен со докази, го обвини министерот Филипче за набавка на респиратори по далеку повисока вредност од пазарната.
По ова обвинување, Митовски беше обвинет за лажни вести, му беше одземена акредитацијата, дури и за онлајн прес конференциите кои се одржуваат на Зум платформата.
Деновиве излезе на виделина и обидот на власта да извлече провизија преку набавката на вакцини преку фантом фирма со тројца вработени, но беа разоткриени од кинеската влада.