(Видео) СО ЗАКОНИ СИ ГО ШТИТАТ ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ: Се обидуваат да го амнестираат криминалот на власта преку целосна контрола врз обвинителството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Економист“ го оценува владеењето во Македонија како хибриден режим, рече Мицкоски на денешната прес конференција.

Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава. На чекор сме до она што се опишува како авторитарен режим во кој Зоран Заев ја втурнува државата, додаде тој.

И секако дека ова нема да го чуете во скапите спотови на власта, но граѓаните, сите до еден го живеат хибридниот режим на Заев. Тој режим ја одзема слободата, носи неправда и несигурност. Станавме земја во која кршењето на законите, селективната правда, узурпирањето на институциите стануваат редовен декор. А, сето ова заедно носи бенефит за Зоран Заев и луѓето до него, бидејќи секој поминат ден за нив значи повеќе пари, повеќе бизниси, а за граѓаните поголема сиромаштија.

И како се наближува 12-ти април, толку повеќе стануваат свесни дека се готови, дека губат. Но се и зголемува нивниот отпор кон промените кои ќе значат носење на правдата, создавање на независни институции, и соочување со законот, по што мора да има одговорност, без оглед, без исклучок за кого се работи и од каде доаѓа. Дали се слугите на Заев или е Заев и луѓето околу него.

Тоа е причината зошто има отпор кај Зоран Заев и Владата кон новиот закон за јавно обвинителство. Носењето на квалитетно законско решение би значело решение по кое Зоран Заев и неговата екипа ќе треба да одговараат и да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери. Токму затоа последниот кој има интерес во државата од квалитетно законско решение за јавното обвинителство е Заев.

И затоа се толку силно фокусирани кон опструкции, кон кочења на носење на квалитетно законско решение, но и наметнување на предлог закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта преку целосна контрола врз обвинителството. Зоран Заев е свесен дека нова аболиција како онаа во „Глобал“ не би поминала, и затоа сега е насочен кон решение кое ќе обезбеди заштита на криминалот преку контролираното од него обвинителство. Впрочем хибридниот режим на Заев сега сака закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите. Повторувам, хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите.

Тоа за нас е неприфатливо и штетно е за државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ врз основа на интерно спроведената анализа но и екстерни консултации кои што ги направи со луѓе, кои што се еминентни и се професори на правните факултети ширум Македонија, адвокати, обвинители, и судии со искуства изработи забелешки кон она што сега го предлага СДСМ. И целта е да се направи вистински реформски закон. А, не закон кој што ќе биде заштитник на криминалот и на Зоран Заев по 12-ти април.

Повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство.

Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски.

Очигледен е очајничкиот потег на предлагачот да ги озакони незаконските постапки на актуелниот републички јавен обвинител кој незаконски, но фактички ги внесе овие постапки во делокругот на работата на јавното обвинителство. И со овој закон практично во тек на постапка се сака да се озакони она кое што незаконски беше направено односно преносот на процесите од СЈО во редовното ЈО. Да бидеме на јасно закон со кој што ќе се амнестира криминал ниту преговарам, ниту пак прифаќам.

Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат.

Ние тоа нема да го дозволиме, и нема да наседнеме на очајничките обиди на власта во заминување да избегне одговорност. Ние нашите забелешки ќе ги доставиме и доколку власта е вистински подготвена да се откаже од своевидна амнестија и посакува независно обвинителство кое исто така нема да амнестира слуги на Зоран Заев, ќе ги доставиме и доколку навистина тие имаат чесна намера подготвени сме да седнеме и да преговараме. И тоа веднаш кога тие ќе бидат подготвени да се откажат од оваа нивна цел.

Македонија мора да оди напред и не смее да создава обвинителство кое ќе биде слуга на политичките интереси на Заев туку да биде слуга заштитник на законите, Уставот и правдината.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/476539479704619/

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This