(Видео) Темелков: Во тек е формирање и на правен тим, сакаме да извршиме притисок и од внатре и од надвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното вонредно издание на емисијата Тешки муабети, Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски зборуваа за семакедонскиот протест за правда на уставобранителите кој ќе се одржи во недела на 25 април. Гостин во вечерашното издание е господинот Боби Темелков, Македонец од Канада, организаторот на протестот во недела. Темелков откри дека покрај организирањето на протестот, тој, заедно со неколку други Македонци кои живеат во странство работи на формирање на експертски правен тим кој ќе дејствува во Македонија.

„Побаравме изјави од нашите браќа во затворот. Повеќето изјави се однесуваат на текот на настаните, како биле приведени. На тој начин добивме слика колку и какви закони се имаат прекршено при апсењето, за време на притворот, и така натаму. Баравме изјави и за малтретирање в затворот. Сите тие документи ги собираме, веќе сме при крај. Има контакти со интернационални агенции за човекови права како Амнести интернешнал и некои други. Одлучивме да одиме со адвокат од Македонија. Во подготовка е правен тим и ќе почнеме да ги бркаме тие работи. Не можем да изнесам повеќе детали се додека не се завршат планираните актвности. Но сакам да истакнам, да се знае дека моментално, не е само ова што го правиме за уставобранителите, туку сакаме да дадеме притисок и од внатре и од надвор. Работиме на тоа.“ откри Темелков.

Вонредното издание на Тешки муабети можете да го проследите ТУКА

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This