Виленското ракче: Постои само во Македонија и никаде во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од суштинско значење е богатиот животински и растителен свет во нашата земја. На толку мал простор имаме многу природни реткости, што скоро и да ги нема во останатите делови од светот.

Треба сите да бидеме свесни за опстанокот на флората и фауната која не опкружува, но не само со иницијативи, туку со вистинско делување на терен.

Нашите предели се место на повеќе видови на животни кои се на работ од истребување и се строго заштитени со закон. Загрозени и заштитени видови има околу 113, од кои 30 риби, 1 влекач, 66 птици и 16 видови на цицачи. Од цицачите се вбројуваат рисот, мечката, дивата коза, волкот, еленот, лилјакот и други, а од птиците златниот, суриот и царскиот орел, египетскиот и белоглавиот мршојадец, лисестиот глувчар и соколите…

Но, не смее да се заборави еден, единствен примерок! Велат дека го нема никаде во светот, само кај нас. Се работи за Виленското ракче- Chirocephalus pelagonicus. Самото име го детерминира неговото место на живеење- живее во Пелагонија, во локалитетот викан Локви, во близина на селото Големо Коњари, Прилепско.

Подрачјето на мочуриштето е природен резерват и е прогласен за споменик на природата. На листата на загрозени животни на ЕУ се наоѓа и ова животно.

Домот на животинчето е во вода која има мали количини на сол. Местото Локви изобилува со алкални дождовни базени односно вирови. Ракчето има единствена комбинација на морфолошки карактери. Многу е мало, околу 2 см. Но има цврста обвивка која му овозможува опстанок во зима и во суша. Ова е карактеристично најмногу за женското ракче кое при крајот на мај полага јајца.

Имаат интересна структура. Конусоидни се и трнливи. Се развиваат на длабочина до 60 цм.

Со ваков раритет, како и со останатите ендемски видови на животни овде, ни даваат за право да се гордееме со нив и многу подобро да се грижиме за нив.

За Виленското ракче и локалитетот Локви има одлично објаснување и детално истражување во Образложението на предлог на законот за прогласување на локалитетот Локви- Големо Коњари за споменик на природата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This