ВЛАДАТА ВРШИ ПОТКУП НА ГЛАСАЧИ ПРЕКУ НЕВЛАДИНИТЕ?: Молчењето на Тевдовски и Рашковски отвора сомнеж дека во предизборниот период се врши поткуп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за финансии Тевдовски и Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски треба да се произнесат и да дадат одговор за која намена се дадени еден милион евра на невладини организации во предизборен период, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соња Гелова-Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата веќе осми ден го поставува тоа прашање, и оти Владата молчи. Таа посочи дека јавноста треба да биде запознаена каде и за што се трошат парите на граѓаните.

-Ваквото работење на министерот и Генералниот секретар отвора сомнеж дека во предизборниот период се врши поткуп на гласачи. Можно е, инжинерингот кој беше спроведен на минатите парламентарни избори, сега да се спроведе повторно и на локалните избори. Невладините организации, кои до пред четири месеци беа најгласните поборници за граѓански права и слободи, сега ги нема да одржат ниту прес, ниту да дадат изјава за крвавите избори кои ги спроведува СДС. Нереагирањето на разните активисти за човекови права за крвавите избори кои ги спроведува Заев го открива нивното вистинско лице и нивниот партиски ангажман, потенцира Гелова-Стојанова.

Таа им порача на Заев, Тевдовски и Рашковски дека граѓаните нема да дозволат нивните пари да бидат трошени во партиски цели и за поткуп на гласови со кои се погазува волјата на граѓаните. Таа нагласи дека за сите незаконски дејствија овие личности ќе бидат казнети од граѓаните на 15-ти октомври, а потоа сите ќе сносат одговорност пред институциите на државата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This