ВМРО-ДПМНЕ: Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека „Зоран Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура“.

vmro-dpmne-1

– Пратеникот на СДС, Мухамед Зекири се фотографираше со дел од членовите на семејството Гаци, познато по брутални криминали на Косово. Мухамед Зекири е човекот кој е директната врска на Зоран Заев со структурите на подземјето од Косово и Македонија, за што во повеќе наврати медиумите објавуваа и фотографии, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пишуваа медиумите, стои во соопштението, според ЕУЛЕКС – Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај, Србица.

– Според медиумите познатиот косовски гангстер Гани Геци е обвинет за убиство на Ружди Шаќири, поранешен командант на УЧК. Гани Геци безмилосно го убил испукувајќи четири куршуми во телото на убиениот.
Залудно е СДС да се обидува да ја сокрие врската со нарко-мафијата, кога во изминатиов период јавноста беше сведок полициски акции против наркодилери блиски до Заев и неговите соработници, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се посочува на фотографиите на Заев и со уапсените наркодилери од Арачиново, Сеад Рахиќ и наркодилерите од тетовско.

– Криминалците како Заев знаат да прават само криминал и затоа секогаш се во друштво на себе сличните. Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа, без разлика колкава е поддршката од крималното подземје за СДС, таа нема да се реализира, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This