ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува дека е во паника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ со секоја нова прес-конференција покажува во каква паника е нивната партија, откако народот јасно им кажа дека залудно ја прифатиле тиранската платформа и залудно се пазареле со највисоките државни и национални интереси, бидејќи тиранска влада нема да ја води Република Македонија.

vmro-dpmne-1

Ова го порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ на која рече дека новата влада ќе спроведе темелни реформи во судството и во обвинителството и ќе обезбеди независен судски систем и правда за сите, како и дека ќе побараат продолжување намандатот на СЈО.

– Стравот на Петре Шилегов и Зоран Заев дека ќе треба да одлежат долгогодишни казни затвор е оправдан. Залудно ги прифаќаа сите уцени. Залудно молеа да бидат амнестирани за предметот „Пуч“ преку нивната Катица Јанева. Залудно бараа поддршка и молеа за заштита од наркодилери од Арачиново, Тетово и Скопје. Залудно се договараа со мафијата и подземјето да го поддржи СДСМ и криминогеното раководство. Народот се крена и се спротистави на предавничката политика на Заев и компанија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Република Македонија, се додава, има закони и тие важат подеднакво за сите.

– Заканите кон судовите и судиите нема да му помогнат на Заев колку и да бега од правдата. Ќе си одлежи и за барањето поткуп и за Цареви Кули и за незаконското финансирање на изборите и за Пуч. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува судиите да не потклекнуваат на притисоците на СДСМ. Помина времето кога тие политички си бираа над 600 судии на собраниска седница и кога единствен критериум беше членската книшка од Бихаќка. Граѓаните не дозволуваат криминалците од СДСМ да ја вратат Македонија назад во црните 90-ти години, се потенцира во реакцијатаод ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Шилегов.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This