ВМРО-ДПМНЕ СО РЕАКЦИЈА: Зоран Заев ги влошува односите со нашите партнери и соседи поради неговата неспособност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ја прикрива својата неспособност и аматеризам со обвинување и расправање со соседите и нашите партнери. Црнилото во кое државата е завиена од страна на власта пропратено со политички прогон е главниот виновник за се негативно што и се случува на државата. Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката во која е западната државата, поради Заев и црната власт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Зоран Заев и додаваат:

„Република Македонија е држава во која под власт на црниот СДСМ владее насилието, а владеењето на правото е непознат поим. Правната држава е деградирана, а институциите се користат за политички прогон, ова е пропуст на власта и Зоран Заев лично. Политичкиот прогон кој се спроведува под покровителство на СДСМ не е демократска вредност. Нашите стратешки партнери не треба да бидат средство за перење на грешките на Заев и картелот околу него. Црнилото во кое е втурната Република Македонија е токму заради Заев кој за ситни политички поени е спремен да ги наруши стратешките интереси на државата само за да остане на власт.“

-НАТО е стратешки партнер на Република Македонија и организација кон која се стремиме, таа не е и не може да биде оправдување за нечии пропусти и аматеризам. Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This