ВОЈСКА НА НАТО ЗАБЕЛЕЖАНА ВО ДОНБАС: Украинската ситуација дополнително се влошува, остануваат моменти пред нов конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република забележала на територија од контрола на Киев во Донбас непознати единици војска во униформи на НАТО, соопшти началникот на прес-службата на народната милиција на ЛНР Јаков Осадчиј

„Во областа под одговорност на 72.бригада во селото Светлодарско пристигна одред од 28 луѓе, опремени во униформи по примерот на НАТО“, прецизира тој.

Осдачиј додава дека „ситуацијата во зоната на одговорност на Народната милиција на ЛНР има тенденција на заострување“.

Претходно самопрогласените републики соопштиле дека Вооружените сили на Украина концентрираат сили на контакт-линијата за префрлање кон границата со Русија.

Ситуцијата на југоистокот на Украина се влошила по воведувањето на воена состојба во десет области во земјата.

Осдачиј истакна дека украинските сили на 59.бригада разместиле тенкови и самоодна артилерија „Акција“ во стамбената област во селата Станица Луганск во Донбас.

„Во населбата Счастје (контакт-линија) на територија на термо-електраната се наоѓаат три единици ракетни лансирни системи ‘Град’, а на градскиот стадион се распоредени шест хаубици Д-30“, додава тој.

Портпаролот на народната милиција на Доњецката народна република Данаил Безсонов соопшти дека украинските безбедносни сили префрлиле сеум тенкови на југот на Донбас.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This