ВО ВЕВЧАНИ РЕЧИСИ И НЕМА НЕВРАБОТЕНИ: За 90 проценти го зголемивме бројот на вработени лица во Вевчани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа локалната самоуправа во Вевчани ви изминатите четири години направила колку што никогаш во оваа општина не било направено.

-Со сите мерки за привелкување на нови инвеститори и отворање на нови работни места, значително се намали невработеноста во Република Македонија, се отворија над 173.000 нови работни места. Во Вевчани во 2006 имало 298 вработени лица, а на крајот на 2016 има 566 вработени лица. Во последните десет бројот на вработени лица е зголемен за 90 проценти овде во Вевчани. Во Вевчани изградивме нова училишна зграда, со површина од 2.450 метри квадратни, во вредност од 65 милиони денари, изјави Груевски.

Кажа дека е изградена и спортска сала, тениско игралиште, комплетно уреден просторот околу училиштето Страшо Пинџур.

-Во изминатите  четири години реконструирани и изградени се неколку локални улици, меѓу кои се улицата Света Варвара, Млака, реконстуирани и поплочени се улиците Дузлеј, Бебекој, Кочој, Русеј, Дуцкини, Хитаној, Шутиној, Попеј, Костојчини, Богој и Кључкој, изјави Груевски.

Тој напомена дека во Вевчани сега и да нема неасфалтирана улица, дека се реконструирани мостовите во општината, реконструирана била фонтаната која е атракција за туристите.

-За пензионерите од Вевчани во просториите на општинската зграда изграден е дневен центар за стари лица. Исто така се отвори и младински центар, кој припадниците на помладата генерација од Вевчани го користи за социјални, културни и едукативни настани. Целосно е реконструирана детската градинка во во Вевчани, изјави Груевски.

Груевски кажа дека има уште многу проекти за кои заслуги има Цветомир Угриновски, актуелниот и како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ иден градоначалник на Вевчани.

-Тој е човек што направи многу за оваа општина и затоа одлучивме дека тој е човек што треба да добие уште еден мандат за доброто на Вевчани.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This