ВО ПЕТОК И САБОТА Е ЗАДУШНИЦА: Денот кога мора да им се запали свеќа на покojнитe!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мpтвитe една година ќе бидат во мрак.

Црквата и верниците утре и во сабота ја одбележуваат Задушница. Таа секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен. Задушница е ден кога православните верници ги посетуваат гpoбoвитe на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гpeвoвитe и за предците.

Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни што се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски.

На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да одите на гробот на најблиските, свеќа пали во црква.

Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мpтвитe една година ќе бидат во мрак.

Според верувањата, на Задушница не се работи, чисти и пере, не се работи ништо со волна, а не треба да се користат ниту ножици и игли.

Овој ден се посветува на мpтвитe, а не на живите.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This