Втората најголема економија во еврозоната влезе во рецесија.
Франција е во рецесија во првиот квартал од 2021 година со намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) од 0,1 отсто. Ова го покажуваат ревидираните статистички податоци.
Заводот за статистика ИНСЕЕ ја ревидираше својата прелиминарна проценка, објавувајќи дека БДП се зголемил за 0,4 проценти во првите три месеци од годината.
Но, подоцнежните податоци од градежниот сектор биле многу полоши од првичните. Веќе втор квартал францускиот БДП да бележи негативен резултат. Претходно имаше пад од 1.5 отсто.
Поради пандемијата повеќе земји се соочија со рецесија, а меѓу нив беше и Германија.
Извор: faktor.mk