Претседателот Александар Вучиќ забележа дека сите медиуми во Хрватска започнаа договорена кампања, која формално беше упатена кон него, но во суштина беше против Србија, српските интереси и сѐ во Србија, пренесува Танјуг.
„Добија наредба, а кога ќе добијат политичка наредба, таа треба и да се изврши. Медиумите во Хрватска се со една цел. Мислев дека тоа е земја во ЕУ, дека има различни ставови, но тие секогаш се обединети во однос на Србија и секогаш 100 проценти против нас“, рече Вучиќ пред новинарите во Краjeево.
Тој наведе дека причината за тоа лежи во напредокот на Србија и рече дека тој не сака, да им возврати на иста начин и дека место тоа ќе продолжи со зајакнување и развој на земјата. Вучиќ апелираше и до народот да се воздржи од реакции.