Скопје изутринава по се изгледа е проодно само за ратрак и возила со гасеници, откако снегот во февруари ги изненади надлежните служби на главниот град, кои во текот на вечерта освен на неколку локации околу населбите на Водно, немаат фрлено ниту грам сол по главните сообраќајници низ Скопје.
Во текот на ноќта во Скопје наврнаа неколку десетина центиметри снег. Најголема е снежната обвивка во Лазарополе која се движи околу метар и половина. Маврово и Попова Шапка имаат околу еден метар снежна обвивка.
Затворени за движење на тешки товарни возила се и речиси сите превои во земјава.