Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека ЕУ треба да направи независен пандан на платежниот систем СВИФТ за да ги заштити своите компании од американските санкции против Иран
„Во таа ситуација стратешки важно е јасно да му кажеме на Вашингтон: ‘Ќе работиме заедно’. Меѓутоа, ние нема да работиме против себе. Затоа би било добро европските компании да се заштитат од санкции од правна гледна точка“, се наведува во авторскиот текст на германскиот министер за весникот „Ханделсблат“.
На почетокот на август шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини и министрите за надворешни работи на Германија Хајко Мас, Велика Британија Џереми Хант и Францускиот Жан Ив ле Дријан изразија жалење поради воведувањето на американски санкции врз Иран. Тогаш беше соопштено дека ЕУ ќе го активира инструментот на блокада за да се заштитат европските компании од американските санкции на Иран.