- Advertisement -
Фабриката за производство на леб и бели пецива од Куманово „Жито Мел“ гори, информираат граѓаните, а на социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии и снимки од пожарот кој ја зафати фабриката
Житомел е една од фирмите на Бајруш Сејдиу која по неговото затварање го водат членови од потесното семејство.
„Жито-мел“ е најголем производител на леб во Куманово и доколку огнот не биде брзо изгасен, граѓаните стравуваат од опасност градот да остане без леб.