Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за десет дена започна реализација на 12 проекти.
Тој соопшти во која фаза се наоѓаат и како тече нивната реализиција.
Стојкоски е дециден дека во Ѓорче ќе биде добро за сите жители.
„Во овие десет дена успеавме да:
-Аплицираме за нова детска градинка во Стопански Двор
-Го уредиме зеленилото на пешачката патека на насип
-Започнеме акција за расчистување на запуштените детски игралишта во Ново Село, а утре продолжуваме кај Жито во Дексион
-Поставиме ново осветлување на пешачката патека на насип
-Аплицираме за набавка на опрема во новите доградени занимални на објектот Детелинка
-Започнеме со подигнување на нова паркова површина на бул. Македонска Војска
-Ги санираме прекопите на пешачката патека -Договориме започнување на пристапен пат до обработливите површини во Никиштани и Орман, кои ќе се реализираат од среда
-Привремено го решиме проблемот со затоплувањето во ООУ Тихомир Милошевски, со што овозможнивме континуитет на продолжениот престој на учениците
-Го конституираме новиот Совет на Општината
-Започнеме со расчистување вегетацијата на улица Радушка
-Со изведување на канализација во Орман Имаме многу работа пред нас, но со ваша поддршка, ќе биде добро за сите “, вели Стојкоски.
![](https://lider.mk/wp-content/uploads/2021/11/stojkoski-480x267.jpg)
Тој изминатата недела во континуитет беше помеѓу граѓаните, ги слушаше нивните проблеми и заедно наоѓаа решенија.
![](https://lider.mk/wp-content/uploads/2021/11/stojkoski2-700x440-1-480x302.jpg)
„Започнуваме нова недела, ќе имаме нови предизвици. Со работа во континуитет ќе ги надминеме проблемите кои се мои и ваши, заеднички. Започнавме, јас и мојот тим, со посветеност! Заедно со вас ги детектираме проблемите и изнаоѓаме решенија“, додаде тој.