ГРАЃАНИ ЈА ИСМЕВААТ ВЛАДАТА И ГРАД СКОПЈЕ ЗА НАБАВКАТА НА СКАПИ КАФИЊА: Оставени кесички со кафе пред Владата и град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на саркастичен начин испратија порака до Владата на Република Македонија и град Скопје по повод луксузирањето на овие институции. Екстремно скапите набавки за брендирано кафе ги налути граѓаните.

По примерот на Владата и Град Скопје набавува кафе за голема сума на пари. На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Град Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на разни видови кафе со вредност на договорот од 648.169 денари или нешто на 10 илјади евра.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија преку електронскиот систем за јавни набавки објави тендер за набавка на кафе, а проценетата вредност на „зделката“ изнесува  неверојатни 2.700.000 денари односно 45 илјади евра. Ова е втора набавка на оваа ставка годинава на Владата откако претходно во јануари СОЗР има набавено кафе во вредност од 1 милион денари.

Граѓаните се гневни што оваа огромна сума на пари од нивниот џеб ќе биде потрошена за функционерите да пијат прескапо кафе.

Затоа, денес им донесоа кафе кое им доставија пред вратите на Владата и Град Скопје.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This