ГРУЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ВАСИЛЕВО, ИЊЕВО И КОНЧЕ: Ќе продолжиме да инвестираме за развој и живот во руралните места низ државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе продолжи да се инвестира секоја година по најмалку 35 милиони евра за набавка на нова опрема и механизација, наводнување и услови за живот во руралните места низ државата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски кој вчера ги посети населените места Василево, Ињево и Конче.

Поддршка за здружување на малите земјоделци во задруги, покривање на 70-100% од трошоците од целиот инвестиционен проект за премин во повисока развојна категорија, се само дел од проектите од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.gruevski1-За земјоделците и преработувачите ќе има и поволно кредите преку Македонската банка за поддршка на развојот со 4 и 5% камата. А за оние од компензационите фондови и со 2% камата. Планирано е да се направи и реконструкција на браната и на системот Тура,  како и на потсистемот Вдалдевџи Добринци. Ќе отвориме и нова детска градинка и ќе изградиме две баскет игралишта во општина Василево, рече Груевски.gruevskiДо сега ВМРО-ДПМНЕ ги качи ниските пензии за 90% а просечната пензија за 70% и постојано имаме зголемување на пензиите, рече Груевски од Ињево. Пензијата меѓу 1-5 декември ќе има 5% зголемување за пензионерите, а во следните 4 години уште 10,25%. Ќе овозможиме да продолжи и понатаму бесплатната бањска климатска рекреација за над 22.000 во наредните 4 години и бесплатен туристички викенд со кој ќе бидат опфатени 15.000 пензионери, додаде тој.gruevski3– Ќе го реконструираме пристапниот пат за Ињево, ќе се изгради експресен пат со 4 ленти помеѓу Штип и Радовиш. Ќе го реконструираме патот од Радовиш за Струмица. Ињево ќе добие нова спортска сала, објасни Груевски од Ињево.

Груевски од Конче порача дека рудникот за бакар, сребро и злато Боров дол е во постапка за доделување на концесија а дека инвеститорот планира вложувања од 87 милиони евра за да се отвори рудникот, како и намалку 100 нови вработувања.

-Ќе извршиме реконструкција и на патиштата Струмица-Попчево, Белотино, Рич, Конче. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт, граѓаните ќе добиваат нови проекти и мерки кои ќе го подобруваат нивниот живот, заклучи Груевски од Конче.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This