ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА ВО ВЕЛЕС: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со сопругата присуствуваше на осветувањето на храмот „Св.Кирил и Методиј“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со својата сопруга денеска беше во посето на Велес. Најпрво присуствуваше на осветувањето на новиот црковен храм СВ Кирил И Методиј, каде беа присутни повеќе стотини велешани и добранамерници од целата држава кои присуствуваа на литургијата со која чиноначалствуваше архиепископот на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија, господин господин Стефан.

Свое обраќање имаше и владиката Агатангел кој се осврна и на градбата која има исклучително значење за градот Велес. Тој истакна дека храмот има уметничка, културна и духовна вредност, а истиот, речиси 85 осто е изграден од средствата кои своевремено државата ги врати на повардарската епархија во форма на обврзници за денационализација.

Груевски со својата сопруга остатокот од денот го искористи и за посета на два мошне значајни храмови во Велес, црквите СВ Пантелејмон и СВ Димитрија.

Црквата Св Пантелемојн е најголемата црква во Велес. Храмот е изграден во 1864 година и има своја многу интересна приказна како во Османлиско време се издејтвувало да се изгради таков голем храм како и предизвиците со кој тогаш се соочиле. Нејзината изградба била извршена од познатиот македонски неимар и градител на цркви во Македонија и низ Балканот, Андреја Дамјанов со своите браќа, од велешкото село Папрадиште.


Потоа Груевски ја посети и малку познатата црква но со исклучително значење СВ.Димитрија, за која се смета дека датира од 14 тиот век и според зборовите на луѓето пронајдени се и некои археолошки предмети кои датитаат и од 6 тиот век.

Манастирот е познат по приказната дека своевремено верувајќи дека османлиите ќе го запалат, локалните жители го потрупале со земја, со цел да го заштитат.Сместен е под висока карпа. Но поминало долго време и го заборавиле таков, се додека на еден човек не му се сонило на сон дека на тоа место закопан е манастир и треба да се откопа, што и било сторено.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This