Грција купува нови системи за вoopужување по тензиите со Турција. Атина се плаши од можна туpcka aгpecија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција ќе ги зајакне своите вооружени сили со купување нови системи за вооружување, објави денеска премиерот на таа земја, Киријакос Мицотакис.

Конкретно, Грција ќе набави 18 борбени ловци од типот Рафал како замена на авионите Мираж 2000, четири нови фрегати и реконструкција на четири веќе постоечки фрегати, четири поморски хеликоптери Ромео, противтенковски оружја за армијата, торпеда за морнарицата и наведувачки ракети за авијацијата.

Исто така, армијата ќе биде засилена со 15.000 професионални војници во следните пет години, рече Микотакис.

Новата програма за набавка на оружје следеше по засилените тензии со Турција околу ресурсите во источниот Медитеран.

Анкара постојано провоцира на Егејот и го поткопува мирот во целиот Медитеран, рече Микотакис, додавајќи дека Турција им се заканува на источните граници на Европа и ја нарушува безбедноста на чувствителната крстосница на триконтиненти, пишува Катимерини.

Мицотакис ова го кажа на Меѓународниот трговски саем во Солун, кој беше откажан поради пандемијата на коронарниот вирус, но премиерот го одржа вообичаениот говор во кој ги презентираше деталите за економската политика за следната година.

Мицотакис најави и финансиска инјекција за економијата во износ од 6,8 милијарди евра, во форма на намалување на даноци, субвенции и друго.

Промената на приоритетите, односно ставањето на фокусот кон одбраната, не значи промена на целите – рече Микотакис.

Турција, која ги обвинува Грција и Кипар за обид за кршење на поморските права, истражува извори на нафта и природен гас во области, за кои Грција и Кипар тврдат дека се дел од нивните ексклузивни економски зони.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This