Гoлeмa тpaгeдиja јa пoтpece Србија: 3aгинa 18 гoдишник, 2 лицa ce пoвpeдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што пренесува kurir.rs, Стефан Љубоја (18), ученик во последната година во Техничкото школо во Сомбор, погина во тешка сообраќајна несреќа која се случила на патот Сомбор-Апатин, додека неговите двајца другари, кои исто така се наоѓале во автомобилот се хоспитализирани во сомборската болница и се надвор од живот опасност.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот кога автомобил со марка „голф“, кој го управувал Стефан, излетал од патот и удрил во дрво. Несреќниот дечко им подлегнал на повредите на самото место. Трагедијата се случила стотици метри пред мостот од правецот на Сомбор.

– Младиот возач, за жал, директно удрил во дрво од неговата страна. Погинал на лице место. Бил врзан и со појас. Глетката беше морничава. Другите две момчиња беа во свесна состојба и одма беа пренесени во сомборската болница, изјави извор од самото место на несреќата за kurir.rs.

Стефан бил матурант во Техничкото школо во Сомбор. По кажувањата на неговите врсници, комшии, бил угледен и добар дечко и е едно од трите деца во породицата Љубоја.

– Пред неколку години од Сомбор се преселија во Буковац, па почесто го гледав. Порано во основно, се дружевме, бидејќи живеевме во комшии и го знам како добар и мирен дечко. За неговите двајца придружници кои биле со него во автомобилот слушнав дека се надвор од животна опасност, кажува врсничката на Стефан и бивша комшивка.

Причината за оваа сообраќајна несреќа ќе биде позната по истрагата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This