ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДА РАЗГОВАРАТЕ САМИ СО СЕБЕ?: Тоа може да претставува и апстрактен облик на изразување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Вашиот утрински монолог е разговор кој го водите на глас, а може да претставува и апстрактен облик на изразување“, пишува vice.com.

Многу животни прашања коишто нè мачат потекнуваат од начинот на којшто го перципираме светот.

Какво е небото сега на другата страна на Земјата? Зошто постоиме? Дали природата е живо битие? Дали и животите на другите луѓе се толку комплекси како и нашите? Тоа се длабоки прашања за кои нема дефинитивен одговор со оглед на тоа дека се заклучени длабоко во нашата глава.
Начинот на кој се артикулираат овие мисли се разликува од човек до човек.

Кај некои луѓе, внатрешните мисли имаат облик на зборови, кај други доминираат невербални знаци. Психологот Расел Хурлбурт вели дека внатрешниот монолог е „робустен феномен“, но не е присутен кај сите луѓе.

Некои луѓе се на линија помеѓу вербалното и визуелното размислување, при што овие два вида на мисли се спојуваат во ист тек. Истражувачите од Харвард открија дека визуелното размислување поттикнува определена количина на вербални мисли и обратно. Исто така, научниците открија дека мислите во облик на реченици се поврзани со иднината, додека мислите со облик на слика се врзани за сегашниот момент.

Дефинитивно е нормално и вообичаено да разговарате сами со себе“, вели психологот др. Џенет Бергфилд. Во принцип, сами со себе зборуваме кога сме лути, нервозни, анксиозни или кога се обидуваме да се сконцентрираме.

Кога разговараме сами со себе, полесно го процесираме проблемот, а тоа ни овозможува да имаме увид во сопствените чувства и ни помага полесно да донесеме некаква одлука.

Разговорот сам со себе е корисна техника. Многу терапевти ги советуваат своите пациенти да го применуваат тоа, затоа што на таков начин го намалуваат стресот.

Но, сепак водете сметка на каков начин разговарате. Овој тип на комуникација никогаш не треба биде автодеструктивен. Разговарајте со себе на ист начин како со некој кого го сакате, затоа што во спротивно си ја уништувате самодовербата.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This