ДИПЛОМАТСКИ ИНЦИДЕНТ: Албанија урна 19 грчки куќи и ѝ порача на Атина да биде благодарна што Акропол сè уште стои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на локалните власти во албанскиот град Химара за уривање на домовите на 19 етнички грчки семејства во крајбрежното одморалиште претежно населено со етнички Грци ја налути Атина и предизвика дипломатски инцидент меѓу Грција и Албанија.

Во вторникот грчкиот амбасадор во Тирана беше повикан од Министерството за надворешни работи на Албанија да ја објасни интервенцијата на Грција, која повика да запре планираното уривање, објави Грик рипортер.

Во неделата грчкото министерство за надворешни работи наведе дека ја следи ситуацијата во која на 19 семејства од грчкото малцинство им беше даден рок од пет дена за да ги напуштат своите домови. Гневот го зголеми и фактот што известувањата за иселување биле доставени на 28 октомври, државниот празник во Грција што го одбележува влегувањето на земјата во Втората светска војна.

Грчкото министерство предупреди дека заштитата на имотните права, особено оние на малцинствата, е еден од петте услови поставени од Европската Унија за да почнат преговорите со ЕУ.

Во својот одговор, албанското министерство за надворешни истакна дека Албанија не го „дискриминира“ грчкото малцинство, туку само ги следи начелата на владеењето на правото во земјата.

„Правните процедури што ги применува општината Химара, во време кога градот се претвора во европска туристичка дестинација, се транспарентни и во согласност со важечките закони“, додаде тој.

Албанскиот премиер Еди Рама на својата лична фејсбук-страница напиша дека тоа што грчкиот јазик често се зборува во Химара не ја прави областа грчка провинција. Тој објави резба што ја прикажува Атина во 1670 година и напиша: „Оваа резба нè потсетува, меѓу другото, дека тоа што Акропол сè уште стои како споменик на човештвото и цивилизацијата е благодарение на визијата на албанскиот архиепископ на Атина Ѓерѓ Душмани, кој во 1686 преговарал со Франческо Моросини од Венецијанската флота да не го бомбардира градот… Таквата приказна за еден град во кој некогаш, според доказите и историчарите, главно се зборувал албанскиот јазик не значи дека тој е апсолутно албански град. Следствено на тоа, иако Химара ја сметале за дел од грчкиот архипелаг, а грчкиот јазик бил главен јазик на Истокот преку поморската размена и блискиот и плоден соживот, тоа не ја прави неа апсолутно грчка провинција.“

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This