ДОГОВРОТ ОД ПРЕСПА, CMPTHA ПPECУДA ЗА ЦИПРАС: 66% од Грците се против Преспанскиот договор – Мицотакис апсолутен победник на следните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скок во рејтингот на грчката опозиција за сериозни 8.9 процентни поени е забележан на последната анкета објавена во грчките медиуми. Анкетата е спроведена од рејтинг агенцијата „Марк“ по нарачка на „Прото-тема“

Според анкетата, 66% од Грците се против Договорот од Преспа, додека 67.4% повикуваат на предвремени парламентарни избори, да се одржат во мај оваа година.

Што се однесува до партиските рејтинизи, Нова Демократија води со 32% доверба од граѓаните, што значи апсолутно мнозинство во грчкиот парламент со 158 пратеници. СИРИЗА заостанува со 8.9 проценти зад Нова Демократија со 23.1% рејтинг.

На трето место се Движење за промени и Златна Зора со 6.4% рејтинг. Петта партија е ККЕ со 5.9%.

Најголеми губитници според рејтингот се Независни Грци на Каменос со 1.4%, и партијата на Ставрос Теодоракис со 1.9%. Ова значи дека партијата на досегашниот министер за одбрана нема да добие ниту едно пратеничко место на следните избори.

  • Нова Демократија 32%
  • СИРИЗА 23.1%
  • Движење за промени 6.4%
  • Златна Зора 6.4%
  • ККЕ 5.9%
  • Центристичка Унија 2.2%
  • Решение за Грција 2.2%
  • ПОТАМИ 1.9%
  • Независни Грци 1.4%
  • ЛАЕ 1.2%
  • АНТАРСА 1%

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This