ДОДЕКА НИЕ МОЛИМЕ ЗА ТРОШКИТЕ ОД НАТО: Србија доби шест врвни МиГ-29, тенкови Т-72, борбени оклопни возила и ракетен систем С-300 со лична гаранција од Путин!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин е спремен на војската на Србија, во случај на агресија врз земјата, во рок од само 24 часа интервентно да испрати неколку моќни ракетни системи С-300 со обучен борбен екипаж
137836_putin-gotov_f

Како што пренесува српски информер, една од ставките на воено-техничкиот договор кој завчера во Крамљ го дефинираа премиерот Вучиќ и претседателот Путин вели дека „интервентната“ помош за Белград би била испратена во случај на непријателска агресија со која ќе биде загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија.

Лична гаранција
Дипломатски извори за Информер потсетуваат дека Москва слична операција имала и во 2015. во Сирија, непосредно по соборувањето на Рускиот авион од страна на Турција. Тогаш за помалку од 20 часа во Сирија се префрлени ракетните системи С-400.
– Претседателот Путин лично ја одобри испораката на авионите, борбените оклопни возила и тенковите за Србија, а покрај тоа Белград доби гаранција и за воена помош во случај на било каква агресија. Таа гаранција подразбира и испраќање и разместување на ракетен систем С-300, со обучен екипаж на територија на Србија и тоа во рок од највеќе 24 часа. Надлежните во руската армија тврдат дека дури и рокот за испорака и разместување во Србија може да се скрати на неверојатни 10 часа! Ова значи дека тој што би ја нападнал Србија многу брзо би се нашол во сериозен проблем – вели соговорникот на Информер.

Според Мирослав Лазански, сега во потполност е јасно дека Србија во Русија има сигурен пријател и сојузник.

– Испораката на „Миговите 29“, модернизираните тенкови Т-72 и борбените возила БРД-М2 е многу добра вест. Баш како што е сјајна вест и безбедносната гаранција која ја добивме. Многу е важно Србија да остане на патот на воената неутралност, но и на сите да им биде јасно дека не можат лесно и неказнето да не нападнат – нагласува Лазански.

Додека Србија води успешна политика на воена неутралност и ги ползува бенефитите од моќниот Руски воен комплекс, но и милоста на НАТО која не би сакала да велзе во конфликт со Русија на ниту една територија, во Македонија упорно се води еднонасочна и безалтернативна политика за слепо приклучување кон НАТО алијансата која од нас бара промена на името, а водно е и дел од политичката криза во Македонија.

Дотолку повеќе, дури и генералниот секретар на НАТО се закани по одлуката за недоделување на мандат на Иванов, дека ваквата одлука би можела да има сериозни последици.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This