ДУИ И СДСМ ПРАВАТ ЦИРКУС: Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по приведувањето на екс-директорот на СОЗР Васе Доневски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на Управата на финансиска полиција и истакнуваат дека циркусот на СДСМ и ДУИ не е ништо друго освен очајнички обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните, антидржавни политики.

-Како што граѓаните стануваат се посвесни за неспособноста на владата и лагите на Зоран Заев, така ќе се засилува притисокот со политички монтирани случаи. Како што се зголемува револтот од насилничкото носење на штетниот закон за јазици, така се засилува и политичкиот прогон со неосновани пријави. Само во држава каде што не владее правдата и каде што постапки се водат врз база на политички нарачки, а не врз база на аргументи, може да се креираат случаи во кои кривично се гонат лица, а нема утврдено никаква штета, се наведува во реакцијата.

Од партијата додаваат дека дури и лично директорот на финансиската полиција призна дека во моментов немало утврдено никаква штета и дека таа дополнително ќе се утврдувала. Повеќе од јасно е кој и зошто наредил политички да се злоупотребуваат институциите за вакви излети. Секое незаконско и несовесно постапување ќе биде ревидирано, откако ќе се врати правната држава.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This