Единствена прилика: Накитот на кралицата после 200 години на аукција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долго скриваниот накит на француската кралица Марија Антоанета понуден е на аукција во Женева во аукциската куќа Сотби која оваа аукција ја нарече една од најважните продажби на кралски накит во историјата.


„Сотби“ наведува дека ова е прилика која се овозможува еднаш во животот, да се купи парче накит кои со генерации се држени во династијата Бурбон-Парма од кои некои не се видени во јавност 200 години.

Марија Антоанета на која и била отсечена главата на гилотина во 1793 година, тајно ги прокриумчарила на своите роднини во странство, некои од своите најскапоцени парчиња додека беснеела револуцијата која на крајот го означила почетокот на крајот на со векови старата француска монархија.

Еден од најзначајните парчиња накин “Бисерите на кралицата Марија Антоанета“, превезок од дијаманти и бисери проценет е меѓу милион и два милиони долари.

Тој има природен бисер од 2.58 сантиметри кој е поголем од Перегрина, бисерот на некогашната колекција на холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор.

Накитот на кралицата е поделен во повеќе продажни целини, и тука се вклучени и сет од обетки од бисери и дијаманти и дијамантски брош.

Еден прстен со монограм во дијаманти има и дел од косата на Марија Антоанета.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This