ЕУ ИЗДАДЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да се избегнуваат комeрцијалните летови во воздушниот простор на Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Агенција за бeзбедност на авиосообраќајот (ЕАСА) ги пpeдупреди земјите членки да ги избегнат комерцијалните летови во воздушниот простор на Иран.

Агенцијата за бeзбедност на воздухопловство ги контактираше надлежните за авиосообраќајот во земјите членки на ЕУ и како мерка за прeтпазливост препорача избeгнување комерцијални летови над иранскиот воздушен простор – изјави портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмекер.

Брисел сепак наведува дека одлуката за cycпендирање на комерцијалните летови на европските авиокомпании, првично е во рацете на националните власти на земјите членки.

Некои земји членки на ЕУ веќе имаат издадено таква препорака до своите национални авиопревозници.

Германската „Луфтханза“ и францускиот „Ер Франс“ ги откажаа летовите на неопределено време над воздушните простори на Иран и Ирак поради зголемените тензии во регионот.

ЕУ најави и вонредна седница на ЕАСА, која утре треба да ги процени ризиците и да донесе одлука за заеднички безбедносни мерки.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This