- Advertisement -
ЕУ може да воведе финансиски ограничувања на Унгарија поради законот за забрана на дистрибуција на содржини во училиштата, за кој се смета дека се промовираат хомосексуалноста и промена на полот, изјави денеска еврокомесарот за еднаквост Хелена Дали.
Говорејќи непосредно пред унгарскиот парламент да ја одобри забраната, Дали за Ројтерс изјави дека Брисел е подготвен да преземе мерки слични на оние наметнати на полските региони кои се прогласија за „области без ЛГБТ“.