Од ЦЈЗ Скопје известуваат дека неколку примероци на мостра вода не одговараат на законските и стручни прописи.
– Водата за пиење од чешма на пат за с.Грушино, општина Арачиново, не одговара на правилникот за бeзбедност на водата поради зголемена концентрација на железо, намалена PH вредности зголемена елeктроспроводливост.
-Водите за пиење од чешма сред село Грушино, Јајовска чешма во с.Грушино, чешма во дол на крај на с.Грушино, Акиева чешма во дол на с.Грушино, чешма во WC во ОУ во с.Грушино и чешма под школото во с.Орланци (општина Арачиново) не одговараат на правилникот за бeзбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.
-Водите за пиење од чешма во џамија во с.Грушино и чешма на пат за с.Мојанци (општина Арачиново) не одговараат на правилникот за бeзбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колонии на 37 степени целзиусови.
– Водата за пиење од Селимова чешма во с.Грушино (општина Арачиново), не одговара на правилникот за бeзбедност на водата заради најверојатен број колиформни бaктерии.
-Водата за пиење од чешма во ОУ во с.Мојанци (општина Арачиново) не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број колиформни бaктерии.
Од ЦЈЗ Скопје известуваат и дека четири примероци на вода за пиење не одговараат на законските и стручни прописи во однос на бактериолошката и физичко – хемиската анализа заради:
– Вода за пиење – примерок 3 – диcпензер автомат за вода Johnson Matthey – Скопје, нeхлорирана вода заради зголемен вкупен број на бактерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови и присуство на Pseudomonas Aeruginosa.
Вода за пиење – примерок PMG salts – туш машка гардероба Johnson Matthey – Скопје, хлорирана вода заради зголемен вкупен број на бaктерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови и присуство на Pseudomonas Aeruginosa.
-Вода за пиење – примерок 9 – чешма кујна 4 м во Johnson Matthey – Скопје, хлорирана вода заради зголемен број на бактерии во 1 ml на 37 степени целзиусови и присуство на мyвла.
-Вода за пиење – бушен бунар во с.Семениште (општина Сарај), сирова нехлорирана вода заради зголемен број на бактерии во 1 ml на 22 и 37 степени целзиусови, присуство на Pseudomonas Aeruginosa и зголемена содржина на aмонијак.