Жбогар за датумот за преговори: Не можеме многу да ветуваме по искуството од октомврискиот состанок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека се чека на датумот за преговори со ЕУ, потребно е сите чинители, како Владата, институциите и самата Унија да работат на подобрување на животот на граѓаните во земјава, порача шефот на делегацијата на ЕУ во земјава Самуел Жбогар, одоговрајќи на новинарско прашање околу нeдобивањето датум за преговори, при неговотата поcета на Гостивар.

Жбогар, во врска со оваа одлука на Европскиот совет на октомврискиот состанок изрази жaлeње за исходот, но искажа и оптимизам дека тоа може да се смени, бидејќи како што рече, земјите членки на ЕУ, во наредниве месеци ќе ја разгледуваат новата методологија за проширувањето.

Се надевам дека ќе донесеме одлука, но, не би сакал да се врзам за рок, ниту да дадам временска рамка. Тука сум веќе три години и досега верував во рокови и временски рамки. По искуството од октомврискиот состанок, не можеме да ветуваме многу во иднина. Јас сфаќам дека датумот е битен како симболично, така и мотивирачки за граѓаните, но опредeлyвањето на датумот, нема да го смени животот на граѓаните. Додека го чекаме датумот, сите ние, Владата, ЕУ, институциите, треба да се фокусирме на работата како да се подобри животот на граѓаните, рече Жбогар на прес-конференцијата која се одржа по средбата со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This