ЖОЛТИОТ ПЕЧАТ НА СПАСОВСКИ: Пропагандните двери на Оливер Спасовски денес загрозија човечки живот за да ликуваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо со брза реакција и разрешување на сообраќајната незгода, МВР и Оливер Спасовски се обидоа да ја искористат состојбата на повредениот мотоциклист кој удрил во автомобилот на сопругата на екс-градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, да го покријат срамот на Драган Спасов – Дац

Цели два часа повредениот мотоциклист и сопругата на Јакимовски ги чекале увидните екипи кои требало да направат записник за сообраќајката која се случи попладнево на ул.Теодосиј Гологанов на крстосницата од општина Карпош кон Центар.

Додека, учесниците во сообраќајката ја чекаа увидната екипа, провладините медиуми и пропагандни двери на Оливер Спасовски се обидоа да ја манипулираат јавноста со половични и грешни информации со цел покривање на срамот на Драган Спасов – Дац кој пред два дена, под дејство на алхохол прегази девојка во општина Кисела Вода.

За ситуацијата да биде уште потрагична, откако по цели два часа увидните екипи пристигнале на местото на настанот, констатирале дека вината е кај возачот на мотоциклистот кој поминал на црвено. За среќа, истиот поминал само со полесни повреди.

Но, замислете повредите на момчето да беа од посериозен карактер, дали жолтиот печат на Спасовски би бил причина нечиј живот да биде ставен во опасност со цел оцрнување на политички неистомисленик.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This