ЗАЕВ КOНТРA НАРОДОТ: Мнозинството е пpoтив идејата за брзи избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинството од народот е против идејата на Зоран Заев за брзи избори. Додека екс-премиерот размислува само како да се дограби до фотелја, граѓаните размислуваат на тоа дека брзи избори би го зголемиле бројот на заразени од коронавирус во Македонија.

Дури 74% од граѓаните се против брзи избори во време на коронавирус, а само 14% ги оправдуваат. 12% рекле не знам или не се изјасниле.

Институтот “Habeas Corpus” кој е дел од истоимената граѓанска асоцијација, разработува прашања од правниот и политички систем и направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1 203 испитаници во периодот од 13 мај до 16 мај 2020 година.

При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците.

На следното прашање во однос на тоа дали се очекува зголемување на на коронакризата со оддржување на брзи избори, позитивно се изјасниле 66% од испитаниците. Само 7 % од испитаниците се согласуваат со Заев и СДСМ, па рекле НЕ.

18% од испитаниците сметаат дека короната ќе излезе од контрола.

Последното прашање од ова истражување е „Дали би излегле со маска и ракавици на избори“?

Дури 71,8% од граѓаните рекле дека НЕМА да излезат на избори. Дали е всушност ова најголемата причина поради која Заев притиска за брзи избори?

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This