ЗАЕВ ПЕЕ ПО НОТИТЕ НА ИСТОЧНИОТ СОСЕД: Делчев бил и на Бугарија и на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чиста коинциденција и случајност или темпирани настапи и изјави на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и екс-премиерот и лидер на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев? Во политиката нема случајности, а уште помалку случајностите да се случуваат случајно.

Во настап на БНТ, Захариева испрати уште една нова порака до Македонија, но во неа за првпат имаше едно, барем досега не употребувано предупредување до властите во Скопје.

Во време пред избори бугарската тема е гума за џвакање во устата на голем дел од политичарите, за жал. Јас сум во контакт со мојот колега од Северна Македонија. Нашиот повик е – Спроведувајте го договорот за добрососедство и пријателство. Условите на Бугарија не се нови, рече меѓу другото вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија.

Но, тоа што претставува новина е вториот дел од пораката со кој, на извесен начин, и се обраќа и на опозицијата.

Ако сакате да сте држава-членка на ЕУ, треба да се придржувате кон тоа што сте го потпишале, независно од тоа кој е премиер и министер за надворешни работи, зашто тоа означува зрелост и вистинска демократија, вели Захариева.
Ова е првпат од другата страна на границата да доаѓа извесно директно дистанцирање од актуелната власт во Македонија и порака дека тоа што е потпишано како договор за добрососедство ќе мора да се почитува без разлика кој е премиер или министер за надворешни работи кај нас.

И како одговор на ова, веднаш, истиот ден уследи настапот на екс-премиерот Зоран Заев за „ТВ Стар“, истата телевзија која неодамна ни го сервираше и, најблаго речено, контроверзното интервју на бугарскиот вицепремиер и министер за одбарана Красимир Каракачанов.

Заев во интервјуто најави дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во целост ќе го реализира Договорот со Бугарија. Притоа посочувајќи дека дел од нашата историја е заедничка со Бугарија.

–Нормално е Бугарија да сака договорот да биде реализиран. Сакаме и ние да биде договорот реализиран и отворено кажуваме ние во тој договор прифативме заедничка историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, дел од нашата историја е наша посебна, изјави Заев.
Ваквата изјава на Заев е во директна спротивност, пак, со читањето на Договорот од страна на претседателот Стево Пендаровски. За Пендаровски, основата на Договорот е „споделена историја“ со Бугарија. Уште повеќе, Заев не кажува кој дел од нашата историја е заедничка, а кој дел и од кога е наша посебна.

Вториот дел од изјавата на Заев се однесува на Гоце Делчев. Според него, македонскиот револуционер бил и на Бугарија и на Македонија.

Токму околу името на Делчев дојде до несогласување меѓу македонските и бугарските историчари од заедничката мешовита комисија за прашања од историјата и за учебниците. Наместо да остави работата да си ја вршат историчарите, Заев директно се меша со политички ставови, што директно влијаат на нивните активности и ги доведува во ситуација да бидат обичен параван за остварување на неговите политички изјави.

Бугарија сега од Македонија бара да се откаже од Гоце Делчев, а во македонските историски читанки да пишува дека тој бил Бугарин за нашата држава да стане дел од Европската Унија. Покрај од историјата, соседна Бугарија бара од нас да се откажеме и од македонскиот јазик, кој според најновите тези и теории на бугарските лингвисти е „северно македонско-бугарски“.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This