Заев пpeкy Мијалков пoкaжa дeкa пocтoи maфиja вo дpжавaтa, eднa шaкa лyѓe кoи ja oгpaбyвaaт зeмjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот.

Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ. Впрочем во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности. Целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев во континуитет го прави.

Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат.

Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации. Мафијата е таа шака луѓе кои ја ограбуваат државата, го осиромашуваат народот, а тие енормно се богатат. На ова се гледа крајот, а тоа ќе се оконча со крајот на власта на Заев. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This