ЗАЕВ СЕ ПОЖАЛИ ОД ТАРАВАРИ: Гостиварскиот градоначалник ги менува директорите на ДУИ, Заев му се налути и заборави на бруталната партизација која тој ја спроведува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Го слушам градоначалникот, зборува за заедништво, а ги смени сите директори и постави партиски луѓе, вели Заев за МКД.мк.

Премиерот Зоран Заев во своето интервју за порталот МКД.мк уште еднаш ги покажува своите двојни стандарди.

Според Заев смената на директорите на локално ниво во Гостивар која ја врши градоначалникот Таравари е партизација на институциите. Она за што Заев го напаѓа Таравари е истото што и самиот тој го направи со сите институции.

Имено Заев со самата смена на власта изврши експресно менување на директори назначени од претходната власт, назначувајќи истакнати партиски функционери без ден стаж за директори на реномирани институции. Сето тоа помина нормално и без коментар, но кога истото тоа го прави некој друг притоа менувајќи очигледно луѓе блиски до актуелната власт веднаш се пали алармот на Илинденска.

– Го слушам градоначалникот, зборува за заедништво, а ги смени сите директори и постави партиски луѓе, вели Заев за МКД.мк.

Имено за Заев не беше партизација назначувањето на потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски за директор на Агенцијата за млади и спорт, при што беше сменет тогашниот директор Марјан Спасески, со човек кој нема ни ден работен стаж во дејноста.Назначувањето за директор на РЕК Битола на Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ од Битола исто така не беше спорно за Заев и не беше оквалификувано како партизација.

Заев го немаше ни за коментар кога Петре Шилегов го смени директорот на ЈП „Водовод и канализација“, за на негово место да го постави претседателот на СДСМ во Карпош, Душко Весковски.
Заев не најде за сходно да го искоментира ни експресното назначување на 138 активисти на СДСМ во управните и надзорни одбори во градот Скопје, за кое медиумите пишуваа и ги обелоденија партиските активисти и функционери на власта кои се вдомија во овие одбори.Според Заев смената на директори блиски до актуелната власт е партизација на институциите, но не и кога истата таа власт менува директори кои се назначени од некоја претходна власт. Тогаш тоа е нормална процедура. Дали станува збор за двојни аршини? Проценете сами.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This