ЗАЕВ УШТЕ ВЕРУВА ДЕКА „БЛЕСКАМЕ“: Економијата тоне, а Заев уште не уверува дека блескаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Податоците од Министерството за финансии за извршување на буџетот за првата половина од годинава покажуваат дека Македонија е далеку од Заевото блескање или пак година на економијата. Собирањето данок точно ги покажува економските активности, растот и економската моќ на граѓаните, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Даночните приходи, собирањето на данокот во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%, ова е податок од киднапираното министерство за финансии. Притоа, согласно планот на министерството, за цела оваа година растот на даночните приходи треба да изнесува 6,6%. Остварувањето во првата половина од оваа година укажува дека таков раст не само што не е достижен, туку и дека министерството за финансии веројатно годинава ќе наплати помалку даноци од лани. Ваквиот тренд упатува на можност за сериозна буџетска криза и неопходност од значителна и болна фискална адаптација во следниот период. Односно болен ребаланс! Сето ова е резултат на лошата бизнис клима, што е далеку од Заевото блескање! Според финансии, најголем е падот кај данокот на добивка, фирмите во Република Македонија во април, мај и јуни годинава уплатиле за 32% помалку данок на добивка. Една третина помалку, во однос на истото тримесечие лани. А, годинава проектиран е раст од 3,5% кај приходите од данок. Ова е огромен непредвиден пад кај наплатата на данокот на добивка, за што министерството нема информации за причините на падот, истакна Стоилковски.

Стоилковски додаде дека дополнително, во вториот квартал нaплатата кај нето-ДДВ е за 4,4% пониска од истата во вториот квартал лани, а во услови на проектиран раст по истиот основ од 5,8% за цела година. Кај бруто ДДВ растот на приходите е скромни 2,5%. Пониски приходи, почитувани, по основ на ДДВ значи пониска потрошувачка во Република Македонија, а следствено и пониски стапки на раст.

-Релативни приходи во вториот квартал од 2019 година се забележани по основ на данок на личен доход, и тоа веројатно заради тоа што СДСМ воведе прогресивен данок и втора даночна стапка од 18%, но да потсетиме дека и дополнително го зголеми данокот по основ на наемнини, капитални добивки и дивиденди за цели 50%. Дополнително на сето ова, капиталните инвестиции за првите 6 месеци се само 20%. Во вакви услови на ниска наплата на даночни приходи и ниско ниво на капитални инвестиции, буџетскиот дефицит веќе изнесува 40% од планот. Ова е сериозен пад во економската динамика со сериозен можен удар и повисок буџетски дефицит од планираниот. Ваквиот тренд упатува на можност за сериозна буџетска криза и болно фискално прилагодување! Истакна Стоилковски.

Ова се сериозни потфрлања. Огромен пад на данокот на добивка – значи пад на економска активност на компаниите, пад на ДДВ – значи пад на економската моќ на граѓаните, огромен пад на капиталните инвестиции, и раст само кај даночењето на личните примања и добивките на граѓаните! Така е тоа со октопод на власт кој што со трет буџет повторно нема инвестиции туку криминогени скандали и рекети! На Македонија, почитувани, и е неопходна итна обнова за да се избегне понатамошно задолжување и осиромашување на граѓаните! – подвлече Стоилковски.

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This