Денес се одржа заедничка седница на владите на Србија и Унгарија, на која меѓу другото посебно внимание се посвети на вложување во нови гранични премини, при што премиерите на двете земји се сложија дека прашањето е од исклучителна важност и за двете земји.
Премиерката Брнабиќ напомена дека покрај проширувањето на еден граничен премин, во план се и отварања на неколку нови.
Унгарскиот премиер рече дека ќе продолжи со соработката со Србија, и ќе се заложи парите да бидат вложени таму каде што треба.
Орбан објасни дека е многу важна соработката помеѓу двете земји како и нивната меѓусебната поддршка.