ЗАЕДНИЧКИ УЧИЛИШНИ ИГРИ: Учениците од Македонија, Албанија и Грција ќе се дружат на „Првите училишни игри во Преспа“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученици од Македонија, Албанија и домаќинот Грција, викендов ќе учествуваат на „Првите училишни игри во Преспа“ по иницијатива на општина Преспа и средните училишта во Лемос, под покровителство на грчкото Министерство за образование, а со поддршка на програмата ИНТЕРЕГ „Балкан-Медитеран 2014-2020“ и програмата „ПолиПресла“, што ќе се одржат во селото Лемос, јави дописничката на МИА од Атина.

Учениците од училиштата од Ресен, Преспа (Грција) и Пустец (Албанија), поделени во четири категории според возраста, викендов ќе се натпреваруваат во кошарка и трчање.

Утре ќе се одржат натпревари во кошарка со мешани тимови од трите земји, додека пак во недела, учениците ќе се натпреваруваат во трчање на четири и два километри.

-Целта на игрите е да се поттикне меѓусебното разбирање и соработка помеѓу заедниците на жителите на Преспанскиот регион од трите земји, преку ширење на спортскиот дух на учениците, негување на спортската фер игра, а особено на меѓусебното запознавање и разбирање на децата од трите брегови на езерото.

Очекуваниот резултат од успешната организација, а особено од воспоставувањето и понатамошниот развој на вакви настани во иднина е развивање пријателски односи меѓу граѓаните, а особено меѓу младите генерации од општините од Преспанскиот регион, односно општината Ресен, општината Пустец (Албанија) и општина Преспа, соопштуваат од општина Преспа, во пресрет на училишните игри.

Додаваат дека трите општини веќе со децении соработуваат во различни области, а со организацијата на училишните игри, стремежот е да се забрза продлабочувањето на меѓусебните односи, „бидејќи оваа соработка носи придобивки и за трите страни“.

Натпреварите ќе ги следат министерот за образование на Грција, Костас Гавроглу и градоначалниците на општините Преспа, Ресен и Пустец. (МИА)

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This