ЗАМРЗНА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО: Ниските температури го замрзнаа Велешкото езеро – доаѓа поголем студ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниските температури кои од почетоков на неделава ќе продолжат да паѓаат поради поларниот бран кој се движи до Сибир, го замрзна Велешкото езеро
velesko

Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.

Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сантиметри.

Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено.

Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.

Управувачкиот комитет за кризи, во врска со најавата од УХМР за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Македонија во наредните денови, вчера донесе повеќе заклучоци и препораки.

Превентивните мерки се во случај да се појават определени ризици при снабдувањето со електрична енергија, сообраќајот, ризици по здравјето и водоснабдувањето.

Заклучоците и препораките од Управувачкиот комитет за кризи се однесуваат на надлежните институции кои треба да бидат со зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија и во сообраќајот. Управувачкиот комитет донел заклучоци со кои се наложува во текот на денешниот ден сите општини во Македонија да формираат кризни штабови.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This