ЗАХАРОВА:„Војската на Косово“ проблем за целиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Москва смета дека иницијативата за формирање вооружени сили на Косово е неодговорна од аспект на безбедноста во регионот и спротивна на постоечките договори, како и на резолуцијата 1244, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

1110635680

Се осврнавме на зборовите на американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави за поддршката на Вашингтон на иницијативата за формирање вооружени сили на самопрогласената Република Косово со услов дека тоа ќе се случи преку усвојување амандман на косовскиот устав. Идејата за транформација на Безбедносните сили на Косово во полноправни вооружени сили властите во Приштина ја туркаат со години. Се прават обиди тоа да се стори во псевдоправен контекст, се наведува во коментарот на Захарова, кој денеска го пренесува Спутник.

Таа нагласи дека според Москва тоа прашање има сосема поинаква смисла.

– Клучно е тоа што овие акции сами по себе се кршење на меѓународното право, бидејќи се спротивни на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, која предвидува воено присуство во покраината, исклучиво врз основа на мандат на СБ на ОН, односно ЕУЛЕКС и КФОР, кое во најголем дел е составено од контингенти на земји-членки на НАТО, додаде Захарова.

Според неа овој чекор е сосема неодговорен од аспект на безбедноста во регионот и на европскиот континент во целина.

– Појавата на нова воена компонента на Балканот, како што се „Вооружените сили на Косово“ би била во спротивност со Фирентинската спогодба (член 4, Анекс АБ од Дејтонскиот договор за БиХ, кој се наоѓа во рамки на усвоената резолуција на СБ на ОН 1031), со која треба да се одржува регионалната стабилност со помош на ОБСЕ.

– Се испостави дека на територијата на една од учесничките во Фирентинската спогодба, Србија, се појавила воена струтура, која не е под контрола на земјата, нагласи Захарова.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This