ЗОШТО НЕ СЕ АПСАТ КОСОВАРИТЕ ШТО ГЛАСААТ ВО МАКЕДОНИЈА: Едмонд Темелко не се крие, но прашува зошто не се апсат Косоварите и Албанците кои гласаат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на партијата на Македонците во Албанија Едмонд Темелко за кого по одредувањето на мерка притвор од 30 дена а МВР објави меѓународна потерница, не се крие.

Тој е на своето работно место во општината Пустец и најавува дека ќе ги прифати сите судски решенија кои што за него ќе ги донесат македонските правосудни органи.

Негови колеги од општината Пустец велат дека единствениот градоначалник Македонец на општина во Албанија не се чувствува виновен и смета дека тој е колатерална штета на пресметката меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во Македонија.

За обвинувањата дека врбувал луѓе од Пустец да гласаат во Скопје на локалните избори во 2013 година смета дека се неосновани и смешни. Според неговите информации сите луѓе што гласале во Македонија имале македонски патни исправи и лични карти и имале право да гласаат во земјата.

Македонците од Мала Преспа велат дека  се работи за политичка хајка во која се инволвирани СЈО и владата на РМ а тоа ќе биде докажано и на овие избори кога голем број Македонци од Албанија кои што имаат македонски патни исправи и лични карти ќе гласаат на локалните избори на 15 октомври.

Македонците од Албанија прашуваат зошто македонската влада не ги апси албанските политички претставници кои што масовно организираат гласање на Косовари и Албанци на македонските локални и парламентарни избори. Тие велат дека дел од нив на некои предходни избори беа доведени во Македонија за да вршат изборно насилствто а за тоа не одговараше ниту еден од албанските политички фактори кои што и сега се во владата.

Тие се чудат како може премиерот Заев лани пред изборите замина во Берн Швајцарија за да ги покани Албанците од дијаспората да гласаат на изборите а е против гласањето на Македонците од Мала Преспа во својата матична земја.

Темелко има и македонски и албански пасош поради што доколку реши да остане во Албанија тој не може да биде екстрадиран во земјава. Тој подолго време има нарушена здравствена состојба, боледува од имунолошка болест морбус бехтерев која што му го отежнува движењето и ваквата болест доведува до дегенеративни промени поради кои Темелко мора да оди на чести физикални терапии

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This