Илиевски: Бојко Борисов не преговарал за Македонија како за своја земја, туку преговарал за Бугарија и за нејзините националните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Богдан Илиевски, во денешното гостување во „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за односите помеѓу Македонија и Бугарија, истакна дека секој што барем малку знае за политиката на Софија кон нашата земја, не треба да биде изненаден од ставовите и барањата на источниот сосед.

„Сум сфатил, сум научил, со текот на времето, не инсистирам дека тоа е бугарската држава, можеби се некои служби во бугарија, или пак коинцидентно, огромен број на луѓе од таа страна доаѓале на нашите форуми да ја шират нивната пропаганда. Станува збор за позиции кои не се променети последните, не викам од Сан Стефано, но односот на политиката на денешна Бугарија кон македонскиот идентитет не е воопшто нов.

Илиевски го спомна ангажманот на поранешниот бугарски премиер, Бојко Борисов, за кој зборуваше и премиерот Заев, во преговорите со грција за потпишувањето на Преспанскиот договор. Тој посочи дека Бојко Борисов кога преговарал за Македонија како за своја земја, изјавата не е точна, туку Бојко Борисов преговарал за својата земја, односно за Република Бугарија и за националните интереси на Република Бугарија, декларираните и притаените

„Така да и Бојко Борисов кога преговарал за Македонија како за своја земја, изјавата не е точна, туку Бојко Борисов преговарал за својата земја, односно за Република Бугарија и за националните интереси на Република Бугарија, декларираните и притаените. Така да, во однос на идентитетот, и создавањето на две Македонии со помош на Преспанскиот договор, една до седми век, друга Македонија пи седми век, и потоа влегувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во целата приказна откако помина ппреспанскиот договор како да има за цел и оној дел од седми век до 1994 година да го редефинира за на крај ние да се сведеме на онаа озлогласена кратенка ПЈРМ, односно нашето битие, суштина и постоење, колку и тоа да звучи апсурдно и нелогично или трагикомично, да се сведе дека ние како нација, како граѓани на оваа земја да си ги влечеме сите корени од АСНОМ навака. А претходно дека тоа била некоја друхга приказна која не му одговарала на Тито. Така да, сите овие работи кои се случуваат денес, за жал, за мене не се изненадувачки. Се шокантни, ме нервираат, ме лутат, меѓутоа не се изненадувачки, бидејќи уште во 2017 година кога се потпишуваше Договорот за добрососедство, со тие историски клаузули вметнати, препоставува дека еден ден ќе дојдеме до оваа позиција.“, истакна Илиевски, додавајќи дека знаејќи ја позицијата на моќ и правото на вето на Бугарија, очекувано беше да дојдеме до оваа ситуација

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This