Илиевски на средба со жителите од кумановските села Речица и Табановце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски ја презентираше програмата пред жителите на селата Речица и Табановце и вети безбедни патишта и реконструирани улици. Тој кажа дека програмата е целно направена за секоја населба, село и утврдени се приоритетите за секое место.
Илиевски потенцираше дека граѓаните тука очекуваат од општината да ги реши нивните проблеми.
– Најдоброто за Речица е конечно реализирање на проектите кои се срамни за зборување, како асфалтирање на сите улици, да не зборуваме за вакви срамни работи, како реконструкција на патот од Никола Тесла до село Речица, но не смееме да дозволиме да се гази кал во ниту една населба во Куманово, и да продолжиме да зборуваме за европски проекти, за повисок животен стандард и нови можности, рече Илиевски.
Тој се обрати и до младите од Речица при што истакна дека ќе имаат игралиште во нивното основно училиште. На средба со граѓаните од Чивили’к-Сланиште, село Табановце, Илиевски истакна дека за сите проекти кои како општина ќе ги аплицира до надлежните министерства, имаат финансиска конструкција и затоа нудат реални и остварливи проекти.
Илиевски пред граѓаните од Табановце најави изградба на канализациска и водоводна мрежа и осветлување

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This