- Advertisement -
Драма се одвивала синоќа во Куманово кога во 21 часот во центарот бил оставен ранец пред банка. Кумановската полиција блокира дел од центарот на градот, пренесува „Нова Македонија”.
Станува збор за лице кое вршело услуга на автоматот по што си го заборавило сопствениот ранец. Подоцна наводно лицето се вратило да си го земе ранецот, но од страна на полицијата од превентивни и безбедносни причини тоа не му било дозволено бидејки полицијата ја чекала екипата за антитероризам.
Се работи на случајот..