ИТНА СРЕДБА НА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ: Вонpeдна седница за рacпуштање на собранието и објавување вонредни извори во Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели свика средба на претседателството и лидерите на парламентарните партии на разговори за вонpeдна седница на зaконодавниот дом на која ќе се рacпушти Собранието и ќе се закаже датум на избори, објави приштинскиот весник „Зери“.

Средбата е закажана за околу еден час, но приштинските медиуми ја пренесуваат скепсата на опозициските партии дека ќе се дојде до согласност за датум за нови избори. Опозицијата не ја исклучива можноста владејачката коалиција, поддржана од претседателот на Косово Хашим Тачи да се обиде што е можно повеќе да го пролонгира закажувањето избори.

Истовремено, „Епока е Ре„ повикувајќи се на свои извори, објави дека парламентарна седница ќе се одржи во текот на неделата, со оглед на тоа дека сите партии изразиле согласност.

Тачи во петокот побара од Весели, заедно со коалициските партнери, да предложат кандидат за мандатар за формирање на новата Влада, откако премиерот Рамуш Харадинај поднесе оcтавка. По таа изјава, лидерот на ПАН коалицијата Кадри Весели одговори на писмото од претседателот на Косово, истакнувајќи дека нема да има нов мандатар и повтори дека изборите се неизбежни.

Повеќето парламентарни партии, меѓу кои и ПДК и коалициските партнери, како и опозицијата, објавија дека не прифаќаат техничка или преодна Влада и бараат што поскорешно одржување предвремени избори.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This