КАВГИТЕ СЕ ЗНАК ЗА ДОБРА ВРСКА: Најголемите лаги за совршениот брак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постои правило за тоа како треба да изгледа нечија врска. Партнерите сами треба да пронајдат начин да функционираат како на нив им одговара. Брачните советници ги откриваат четирите најголеми лаги за тоа како треба да изгледа совршениот брак.

 

 

Во совршените бракови, партнерите никогаш не се расправаат и одговорностите се еднакво поделени.

 

Веројатно сте го слушнале ова безброј пати, но добро знаеме дека е далеку од вистината. И време е да престанеме да се залагаме за непостоечки идеали.

 

Партнерите не зборуваат со денови

Многумина мислат дека нема ништо полошо од молчењето во една врска. Но, таквите денови не мора да го уништат љубовниот однос. Според психолозите, тие се реакција на тешки емоции: разочарување, гнев, лутина. Можеби е подобро неколку денови да не зборувате додека да се смирите за да лутината не прерасне во голема расправија.

 

Среќните парови не се караат

Различните карактери се причина за несогласувања. Кавгата помага да се расчистат работите кои ви пречат кај партнерот, доколку секако, не претерате. Конфликтот е составен дел на сите меѓучовечки односи. Доколку не се расправате понекогаш, може да значи дека некој од партнерите е незаинтересиран, па сеедно му е за што размислувате или дали нешто ви пречи.

Понекогаш, кавгите се знак дека сакате да вложувате во врската и дека сте подготвени да комуницирате и да ја направите вашата врска уште посилна.

 

Секогаш е „жешко“ во спалната соба

Во романтичните филмови, партнерите секогаш имаат страствен секс. Но, во реалноста не мора да биде така. Недостатокот на времето и заморот се честа причина сексот да биде поредок.

Меѓутоа, ако ова ви пречи, разговарајте со партнерот отворено. Доколку не сакате сексот да ви биде рутина, испробајте нови работи. Доколку сте уморни, уживајте заедно гледајќи некој филм, вечерајте, танцувајте. Не мора секогаш работите да се зачинуваат на брачната постела.

 

Мажот е вашиот најдобар пријател

Истражувањата покажуваат дека само 30 проценти од жените сметаат дека мажите им се најдобри пријатели. Главниот изговор е дека мажите не можат да слушаат исповеди. Мажите не сфаќаат дека жената има потреба да му се искаже на партнерот. Во едно истражување во кое учествувале 1.517 жени, половина од нив се изјасниле дека се поблиски со некоја пријателка отколку со нивниот партнер.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This