Кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓани во Чаир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес на средба со граѓаните на општина Чаир, беа кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ  од оваа општина за Изборната единица 2, Ѓоко Велковски и Марија Ангелова.

gjoko-marija

На средбата, кандидатот Ѓоко Велковски ги потенцираше деловите од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, во која се предвидени бројни мерки за најзагрозената и најранливата група на граѓани.

– Се предвидува зглемување на социјалната парична, како и за постојаната парична помош. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 – 2016 година заради подобрување на животниот стандард, подобрување на условите за живот и намалување на социјалниот ризик на примателите на социјална парична помош ја зголеми помошта во просек за 69,8%. Во следниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголемува социјалната помош заоколу 10,6% годишно, или истата ќе биде зголемена за вкупно 50% во период од четири години, рече Велковски.

Досегашната пратеничка и кандидат на престојните избори, Марија Ангелова претстави уште неколку проекти кои ќе преставуваат значајна промена за многумина.

– Предвидено е зголемување на паричната помош за заштита од енергетска сиромаштија. Во 2016 година вкупното зголемување изнесува 50%.Во наредниот период ќе го зголемиме субвенционирањето за заштита од енергетска сиромаштија, при што во 2016 година изнесува 900 денари месечно, а во 2017 година ќе изнесува 1.000 денари месечно, во 2018 година ќе изнесува 1.100 денари и во 2019 година ќе изнесува 1.200 денари. Со последното зголемување на 1.200 денари вкупното зголемување на оваа парична помош ќе изнесува 100%, изјави пред граѓаните Ангелова.

Двајцата кандидати зборуваа и за други проекти, меѓу кои  оној за парична помош за глуви лица, која се предвидува да порасна за 21,5 %, како и подобрување на статусот на инвалидните лица со воведување на нови парични права како додатокот за слепило од 7.000 денари наменето за потполно слепите лица, како и додатокот за мобилност за лица со 100% телесен инвалидитет и лица со квадриплегија во износ од 7.000 денари. За 50% веќе е зголемен износот на посебниот додаток за самохран родител на дете со пречки во развојот, за 25% додатокот за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This